Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп со својот спасителен тим организираше показна спасителна вежба во зимски услови. Вежбата демонстрираше примена на техники за спасување на повреден од непристапен терен (провалија) во зимски услови. Сценариото вклучуваше извклекување на повредено дете од провалија длабока 20 м и се одржа на месноста Шаторов Камен.
Ова е втората показна спасителна вежба која СК Златоврв ја органзира. Првата беше во урбани услови и се организираше на највисоката зграда во Прилеп – 13-катницата.
Фотографии од настанот може да се најдат на нашата ФБ страница.