Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп организираше спасителна вежба во урбана средина на највисоката зграда во Прилеп, 13-катница.
Во акцијата учествуваа членови на спасителниот тим на Златоврв, а ја следеа и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.
Сценариото вклучуваше:
„На 7-ми спрат од непознати причини во еден од становите се зафаќа пожар. Пожарот се шири и ги зафаќа останатите станови. Ние како спасители интервенираме во најбрз временски период со што се качуваме на зградата по скалите за евакуација, поставувајќи сидришта и се подготвуваме за спуштање. Пожарот го блокира влезниот дел во становите па единствен влез за евакуација на лицата кои се останати во станот се прозорите од јужната страна, каде има две деца кои мора што побрзо да се извлечат“
Членовите на СК Златоврв демонстрираа подготвеност да се справат со слични ситуации и укажаа на потребата од поголема поддршка од надлежните институции, како и желба да конечно оформување на спасителна единица во Прилеп.
Фотографии од вежбата може да се најдат на нашата ФБ страница.
Спасителна вежба „Прилеп 2019“
Bookmark the permalink.