Спелео инфо ден

СК Златоврв на 23 Февруари, во центарот на Прилеп, организираше информативен спелео ден, каде беа демонстрирани спелеолошките техники, беа промовирани активностите на клубот, а посетителите имаа можност и самите да пробаат дел од техниките. Воедно настанот беше искористен за информирање на граѓаните на Прилеп дека клубот врши упис на нови … Повеќе

Спасителна вежба во зимски услови

Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп со својот спасителен тим организираше показна спасителна вежба во зимски услови. Вежбата демонстрираше примена на техники за спасување на повреден од непристапен терен (провалија) во зимски услови. Сценариото вклучуваше извклекување на повредено дете од провалија длабока 20 м и се одржа на месноста Шаторов Камен. … Повеќе

Спасителна вежба „Прилеп 2019“

Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп организираше спасителна вежба во урбана средина на највисоката зграда во Прилеп, 13-катница. Во акцијата учествуваа членови на спасителниот тим на Златоврв, а ја следеа и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски. Сценариото вклучуваше: „На 7-ми спрат … Повеќе

Кркалашка Пропаст, Демир Капија

Новата година ја започнавме како што доликува – истражувачки! На 02.01.2017 во заедничка организација со Спортскиот клуб „Клисура“ – Демир Капија, изведовме еднодневна истражувачка акција во пропаста Кркалашка, која се наоѓа на ридот Горен Крастовец кај Демир Капија. Тимот го сочинуваше поголема екипа и тоа девет членови на Спелолошкиот клуб … Повеќе

Дарко Неданоски добитник на диплома по повод 3 Ноември „Денот на ослободувањето на Прилеп“

Со особено задоволство соопшуваме дека по повод празникот на градот – 3 Ноември „Денот на ослободувањето на Прилеп“, на нашиот член Дарко Неданоски му беше доделено признание – диплома за постигнатиот успех во македонската спелеологија. Доделувањето беше за време на на свечената седница што по повод денот на Прилеп се … Повеќе

Дарко Неданоски на експедиција во Хрватска

Следните две недели (23 јули – 6 август), нашиот член Дарко Неданоски, ќе учестува на спелеолошката експедиција „Северен Велебит“ во Хрватска, на еден од најтешките терени, познат по длабоки пропаст, вклучително и најдлабоката на Балканот, системот Лукина Јама-Тројама (-1431 m). Главните истражувања ќе бидат во пропаста Словачка Јама (-1301 m) … Повеќе

Спелеолошки и палеоклиматски истражувања на Галичица

Кон крајот на јуни изведовме повеќедневна акција за истражување на пештери на Галичица. Активностите беа дел од научните истражувања на пештерите на Галичица кои вклучуваат палеоклиматски истражувања базирани врз пештерски украси, а се раководени од д-р Марјан Темовски од Лабораторијата за истражување на животната средина, при Институтот за нуклеарни истражувања … Повеќе

Спелеолошки собир МАРИОВО

Спелеолошкиот собир „Мариово“ помина успешно, со доста учесници од скоро сите спелеолошки клубови во Македонија, кои конечно, по подолго време се собраа на едно место и ги претставија своите резултати од досегашната работа. Во петокот (13.05.2017) вечерта пристигна помал дел од учесниците, по што следуваше неформална проекција на спелеолошки клипови … Повеќе