Дарко Неданоски добитник на диплома по повод 3 Ноември „Денот на ослободувањето на Прилеп“

Со особено задоволство соопшуваме дека по повод празникот на градот – 3 Ноември „Денот на ослободувањето на Прилеп“, на нашиот член Дарко Неданоски му беше доделено признание – диплома за постигнатиот успех во македонската спелеологија. Доделувањето беше за време на на свечената седница што по повод денот на Прилеп се … Повеќе

Дарко Неданоски на експедиција во Хрватска

Следните две недели (23 јули – 6 август), нашиот член Дарко Неданоски, ќе учестува на спелеолошката експедиција „Северен Велебит“ во Хрватска, на еден од најтешките терени, познат по длабоки пропаст, вклучително и најдлабоката на Балканот, системот Лукина Јама-Тројама (-1431 m). Главните истражувања ќе бидат во пропаста Словачка Јама (-1301 m) … Повеќе

Спелеолошки собир МАРИОВО

Спелеолошкиот собир „Мариово“ помина успешно, со доста учесници од скоро сите спелеолошки клубови во Македонија, кои конечно, по подолго време се собраа на едно место и ги претставија своите резултати од досегашната работа. Во петокот (13.05.2017) вечерта пристигна помал дел од учесниците, по што следуваше неформална проекција на спелеолошки клипови … Повеќе

СПЕЛЕО ДЕН на МОГИЛА

Во неделата (05.07.2015), на Могила, нашиот клуб ја промовираше спелеологијата и техниките на истражување на пештерите. Настанот, кој го крстивме СПЕЛЕО ДЕН, беше со цел да ја доближиме спелеологијата и нашите активности до граѓаните на Прилеп, со можност и да пробаат дел од спелеолошките техники. Акцијата се состоеше од три … Повеќе

Александра Славкоска учествуваше на обука за спасување во пештери во Србија

Александра Славкоска од СК Златоврв – Прилеп учествуваше на меѓународната обука за спасување во пештери во Србија, во организација на Службата за горско спасување на Р. Србија и Спелеолошката спасителна служба на Р. Словенија, со што стана прва Македонка која заврши обука за спасување во пештери… Повеќе

Марио Андоноски и Дарко Неданоски се спуштија на -534m длабочина!

Членовите на СК Златоврв Прилеп, Дарко Неданоски (19) и Марио Андоноски (16), на 08.07.2012 се спуштија на длабочина од -534m во пропаста “Брезно при Лашки планини”, Словенија. Нашите членови во пропаста се спуштија заедно со Словенците Урош Илич и Рок Планинц. Во периодот од 27.06 до 09.07 двајцата млади членови … Повеќе