СПЕЛЕО ДЕН на МОГИЛА

Во неделата (05.07.2015), на Могила, нашиот клуб ја промовираше спелеологијата и техниките на истражување на пештерите. Настанот, кој го крстивме СПЕЛЕО ДЕН, беше со цел да ја доближиме спелеологијата и нашите активности до граѓаните на Прилеп, со можност и да пробаат дел од спелеолошките техники.

cover_eventАкцијата се состоеше од три делови:

1. Спелеолошки полигон поставен на дрва во паркот, каде беше претставена техниката на единечно јаже (single rope technique – SRT) преку качување и спуштање по јаже и поминување на жичара. Во текот на целиот ден нашите членови неуморно се движеа по полигонот и им доловуваа на посетителите како би изгледало да се истражува во непристапните делови на пештерите.

DSC_2058 DSC_1585 DSC_1295 DSC_1240 DSC_1197

2. Промотивен дел, каде посетителите имаа можност да пробаат качување по јаже користејќи спелеолошки техники. Во текот на денот оваа можност ја искористија над 100 посетители од различни возрасти (6-60 години), машки и женски, при што скоро постојано некој се качуваше по насоката. На посетителите им беше најпрво демонстрирана техниката, им беше поставена опремата, тие се качуваа, а потоа ние ги симнувавме. Нивните движења беа цело време контролирани од некој од нашите членови.

DSC_1309 DSC_1506 DSC_1697

3. Изложбен дел, каде беше изложена опрема што се користи при истражување на пештерите, јазли кои се користат во спелеологијата и паноа со информации за пештерите во Македонија. Во овој дел, преку изложени експонати и паноа, посетителите имаа можност да се запознаат и со опремата која ја користиме, да дознаат нешто повеќе за пештерите во Македонија, како и да се запознаат со јазлите кои ги користиме при истражувањето на пештерите, а имаа можност и сами да пробаат да врзат некои од нив.

DSC_1177 DSC_1198 DSC_1253 DSC_1742

Севкупно ова беше исклучително успешна акција, за нас дефинитивно празник на спелеологијата во Прилеп, нормално благодарание на нашите неуморни членови кои цел ден непрекинато покажуваа, насочуваа и објаснуваа на сите заинтересирани.

DSC_1633

Се надеваме дека оваа акција ќе ни прерасне во традиција и дека спелеологијата и пештерите ќе бидат поприсутни кај јавноста, се разбира претставени во вистинското светло.

Повеќе фотографии ќе најдете во албумот на нашата ФБ страна

Tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.