Другата страна на Пивофест

DSC_2677И додека прилепски Пивофест земаше замав во центарот на градот, ние решивме да се тргниме малку понајуг, на нашето спелео вежбалиште на Шаторов Камен.

DSC_2692Активноста беше стандардната обука и тренинг на SRT техники, кои се користат во спелеологија, со новите членови Дарко (сега имаме тројца Дарковци, па за да ги разликуваме, постарите ќе ги пишуваме како Пуцио и Недано) и Филип, а ни се придружи и Диме. Тренингот го водеа Пуцио и Мацко.

Со оглед на високите температури и југозападната експозиција на карпата, на вежбалиште заминавме попладнето и немавме баш многу време до зајдисонце, па на крај излезе да завршиме со вежби по темница, доловувајќи колку-толку пештерска атмосфера. DSC_2748

Под нас пак, во темницата ни светкаше Прилеп, а од далеку се слушаше и пивофестовска атмосфера во центарот на градот.

Даре и Филип, како што си носи редот за сефте качување и спуштање по јаже, си добија спелеолошко крштевање, а и Диме не остана покусо, па си доби јаже по газето :).

Со тоа си ги завршивме обврските и заминавме в град на по некое пиво.

Повеќе фотографии во албумот на нашата ФБ страна.

М.Т.

Tagged , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.