За СК Златоврв

 

Спелеолошки клуб ЗЛАТОВРВ – Прилеп е основан на 28.02.2011 година, како продолжение, односно специјализација на спелеолошките активности и традицијата на ПСК Златоврв – Прилеп, најстариот планинарски клуб во Р.Македонија, основан 1924 година.

 

Главната цел на СК Златоврв – Прилеп се состои во истражување и заштита на пештерите и воопшто карстот во Р.Македонија.

 

СК Златоврв има за цел:

– да ги обучува членовите со техниките за совладување на спелеолошките објекти.
– да ги обучува членовите со техните за спасување во спелеолошки објект и спасување во планина.
– да ја популаризира спелеологијата и да го подобри јавното мислење за пештерите, за нивната осетливост на уништување, нивното значење и потребата од нивна заштита.
– да ги документира спелеолошките објекти преку изработка на интерен спелеолошки катастар.
– да обезбеди потребна опрема за совладување, истражување и документирање на спелеолошките објекти.
– да соработува со други спелеолошки организации во Македонија како и од странство, со цел истражување, документирање и заштита на спелеолошките објекти и карстот во Македонија.

 

СК Златоврв своите цели ги реализира преку:

– организирање на курсеви, семинари, собири, тренинзи и други форми на спелеолошка дејност за своите членови и граѓаните;
– истражување нови спелеолошки објекти, како и нови делови на веќе откриени спелеолошки објекти;
– документирање на спелеолошките објекти
– усовршување техниката на совладување, истражување и документирање на спелеолошки објекти;
– организирање на спелеолошки експедиции и учество на спелеолошки експедиции во Р.Македонија и во странство.
– користење на сите современи средства за информирање, со цел популаризација на природните убавини, значењето и потребите од заштитата на пештерите и карстот;
– соработка со општествени органи и организации
– соработука со научни и стручни институции и организации;
– обезбедување на матерјални средства за унапредување на спелеологијата во соработка со општествени органи и организации
– организирање на акции за чистење на пештерите и карстот;
– заштита на пештерите со поставување на врати на пештерите и контролирана посета, во согласност со законските мерки.
– објавување на Македонско спелеолошко списание (www.mss.speleo.mk) – научно-популарно списание каде се објавуваат резултати од истражувањата, новости од спелеологијата во Македонија и светот, новости од областа на техниките на совладување на спелеолошки објекти, како и научни и стручни трудови од областа на карстологијата и спелеологијата.

Клубот работи и делува на територијата на Р.Македонија, особено во околината на Прилеп

 

РАКОВОДСТВО НА КЛУБОТ:

ИЗВРШЕН ОДБОР:
Златко Ангелески
Марјан Темовски
Дарко Јованоски

ПРЕТСЕДАТЕЛ:
Марјан Темовски