Кркалашка Пропаст, Демир Капија

Новата година ја започнавме како што доликува – истражувачки! На 02.01.2017 во заедничка организација со Спортскиот клуб „Клисура“ – Демир Капија, изведовме еднодневна истражувачка акција во пропаста Кркалашка, која се наоѓа на ридот Горен Крастовец кај Демир Капија. Тимот го сочинуваше поголема екипа и тоа девет членови на Спелолошкиот клуб … Повеќе

Спелеолошки и палеоклиматски истражувања на Галичица

Кон крајот на јуни изведовме повеќедневна акција за истражување на пештери на Галичица. Активностите беа дел од научните истражувања на пештерите на Галичица кои вклучуваат палеоклиматски истражувања базирани врз пештерски украси, а се раководени од д-р Марјан Темовски од Лабораторијата за истражување на животната средина, при Институтот за нуклеарни истражувања … Повеќе

Детален извештај од спелео кампот на Галичица

Како што си носи ред по завршувањето на спелеолошкиот камп на Галичица, подготвен е и деталниот извештај во кој се изнесени детални информации за активностите за време на кампот, како и резултатите од спелеолошките истражувања на Галичица. Извештајот е достапен во PDF формат за сите заинтересирани, со напомена дека податоците … Повеќе

International Outdoor Festival Demir Kapija 2015

Во периодот од 23.05 (сабота) до 25.05 (понеделник) учествувавме на International Outdoor Festival Demir Kapija. Фестивалот беше во организација на Спортскиот клуб „Клисура“ од Демир Капија, а со поддршка на Општина Демир Капија, УСАИД и фондација Ценет. Фестивалот опфаќаше голем број на активности во природа, како алпинизам, спортско качување, спелеологија, … Повеќе

Ново: Мелничка Пештера 1 во првите 10 најдолги пештери во Македонија!

Откриени се нови канали во Мелничка Пештера 1, со што вкупно се истражени над 700 m, а скицирани 600 m, при што Мелничка Пештера 1 (Мелница, Мариово) се вбројува во 10-те најдолги пештери во Македонија. Повеќе

Откриени нови пештери во долината на Црна Река

Членовите на СК Златоврв: Марјан Темовски, Марио Андоноски, Дарко Неданоски и Благоја Велкоски, во периодот од 18 до 21 јули 2012 г. го истражуваа теренот во месноста Подот, во долината на Црна Река помеѓу мариовските села Врпско и Гуѓаково. Ова истражување беше продолжение на претходните спелеолошки истражувања на СК Златоврв … Повеќе

Истражени нови канали во пештерата Чулејца, Тиквешко Езеро

Пештерата Чулејца, позната и како Партизанска Пештера, во периодот од 01 до 03 јуни беше истажувана од членовите на СК Златоврв – Прилеп. Спелеолозите Марјан Темовски, Дарко Неданоски и Марио Андоноски престојуваа три дена во пештерата, при што детално беа скицирани канали во должина од 503m, и длабочина до -67m, … Повеќе