Истражени нови канали во пештерата Чулејца, Тиквешко Езеро

Пештерата Чулејца, позната и како Партизанска Пештера, во периодот од 01 до 03 јуни беше истажувана од членовите на СК Златоврв – Прилеп. Спелеолозите Марјан Темовски, Дарко Неданоски и Марио Андоноски престојуваа три дена во пештерата, при што детално беа скицирани канали во должина од 503m, и длабочина до -67m, а беа откриени и нови канали во североисточниот дел од пештерата. Сепак после три дена напорна работа, останаа нескицирани уште неколку канали, по чие документирање пештерата сигурно ќе достигне длабочина од околу -100m и должина над 600m.

Заклучно со досегашните истражувања, пештерата Чулејца е втората најдолга пештера во јужниот дел од Македонија, после пештерата Бела Вода во Демир Капија која е долга 955m.

 

Пештерата Чулејца досега е истражувана во повеќе наврати од спелеолозите од спелеолошките клубови Орле – Кавадарци, Пеони – Скопје, Златоврв – Прилеп како и од француски спелеолози од клубот ASBTP од Ница.

 

 

Tagged , , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.