Марио Андоноски и Дарко Неданоски се спуштија на -534m длабочина!

Членовите на СК Златоврв Прилеп, Дарко Неданоски (19) и Марио Андоноски (16), на 08.07.2012 се спуштија на длабочина од -534m во пропаста “Брезно при Лашки планини”, Словенија. Нашите членови во пропаста се спуштија заедно со Словенците Урош Илич и Рок Планинц.

Во периодот од 27.06 до 09.07 двајцата млади членови на Спелеолошкиот клуб Златоврв – Прилеп, го посетија 6-от Балкански спелеолошки камп во Логатец, Словенија и по завршувањето на кампот продолжија со спелеолошките активности по пештерите во Словенија, посетувајќи вкупно 12 пропасти, од кои покрај споменатата со длабочина од -534m се спуштија и во Majчево Брезно (-153m) Качна Јама (-280m), Хабечков Брезен (-330m), Феранова Бужа (-350m) и др.

Со ова достигнување Марио и Дарко поставија рекорд во длабочина за СК Златоврв – Прилеп (-534m), а и се доближаа до најголемата длабочина до која било кој Македонски спелеолог се спуштил: -598m, достигната од спелеолозите на СК Пеони – Скопје во најлабоката Македонска пропаст – Словачка Јама на планината Караџица.

Сето ова не ќе беше возможно без поддршката од ДЗРЈ Симон Робич Домжале (DZRJ Simon Robič Domžale) од Словенија, кои на Марио и Дарко им овозможија сместување, организација и потребна опрема за време на престојот во Словенија.

Особена благодарност и до инструкторот Урош Илич за поддршката и вниманието посветено кон нашите членови.

Повеќе фотографии можете да видите на нашиот FB профил

 

 

Исечоци од статијата за Марио и Дарко во неделникот ЗЕНИТ:

 

Tagged , , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.