Откриени нови пештери во долината на Црна Река

Членовите на СК Златоврв: Марјан Темовски, Марио Андоноски, Дарко Неданоски и Благоја Велкоски, во периодот од 18 до 21 јули 2012 г. го истражуваа теренот во месноста Подот, во долината на Црна Река помеѓу мариовските села Врпско и Гуѓаково.

Ова истражување беше продолжение на претходните спелеолошки истражувања на СК Златоврв во овој простор од 2011 и 2012, при што во овој локалитет вкупно беа регистрирани 17 нови пештери од кои повеќето мали, со димензии до 10 м, како и две поголеми пештери: Подот 1 (должина +65м и длабочина 12м), Подот 2 (должина +103м и длабочина -18м), како и термалната пештера “Карши Подот” со должина од ~150м.

 

Истражуван беше претежно просторот околу Гуѓаковските Извори, познати кај локалното население, но досега не регистрирани извори во долината на Црна Река, кои воедно се и најголемите извори по течението на Црна Река.

Повеќе фотографии можете да видите тука

Tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.