Спелеолозите Марјан Темовски, Златко Ангелески, Дарко Неданоски и Марио Андоноски на 07.10.2012 истражуваа нова пропаст во близината на Прилеп, на планината Козјак (1745), јужен огранок на планината Бабуна.
Пропаста беше лоцирана при претходна акција од страна на Марјан Темовски со помош на Илија Ангелески и неговиот помал син Мартин.
Иако очекувањата беа за длабока пропаст, сепак вкупната длабочина на пропаста изнесува 43 m, со должина од 59m, претставена со еден поголем канал до -28m по што се издвојуваат два потесни канали од кои десниот се спушта до длабочина од -43m.
Пропаста беше именувана Мартинова Пропаст.
Видео од истражувањето на пропаста ќе најдете на нашата FB страна:
https://www.facebook.com/photo.php?v=10151260290758530