Почитувани, ни причинува особена чест да ве поканиме на спелеолошкиот собир „Мариово“ кој ќе се одржи на 13-15.05.2016 година.
Целта на собирот е пред сѐ да да ги собере спелеолозите од Македонија на едно место, со што ќе се овозможи размена на информации и искуства.
Македонската спелеологија има потреба од еден пресек на состојбата со пештерите и спелеолошките истражувања од изминатата декада. Се надеваме дека ова ќе биде доволна провокација за сите оние кои се заинтересирани за пештерите во Македонија, со што ќе се доближиме до спелеолошките текови во светот.
Воедно како мотивација за организирање на овој собир е и 5 годишнината од основањето на Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп, кој на наше огромно задоволство, изминативе години успеа да се развива со доста брзо темпо.
МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ:
Местото на одржување е манастирот „св. Илија“ во с. Мелница, Мариово. Причината за избор на оваа локација е во малите трошоци за престој, со цел да се овозможи поголема присутност на собирот, а воедно манастирот се наоѓа и во близина на најзначајните хипогени пештери во Република Македонија.
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Учеството е бесплатно, а краен рок за пријавување (со или без презентација) е 1.4.2016. Пријавата за учество (тука) пополнете ја и испратете ја на skzlatovrv@gmail.com со назнака спелео собир.
Презентациите можат да бидат од било која тема поврзана со спелеологијата: спелеолошки истражувања, спелеолошки (научни) проучувања, спелеолошки техники, спелеолошки настани, спелео картографија, спелео фотографии, спелео филм и сл.
Генерално ќе бидат групирани во три групи:
- Спелеолошки истражувања и проучувања
- Спелеолошки техники
- Видео и фото сесија
Презентациите треба да бидат во PowerPoint формат (предавања) или видео клипови (филмови, колаж од фотографии). Доколку имате потреба од некаква друга форма на презентација, слободно контактирајте не. Времетрањето на презентациите ќе биде ограничено на 15-20 мин (во зависност од бројот на пријавени презентации).
ХРАНА:
Храната е во сопствена режија на учесниците. Ќе биде можно готвење во конаците на манастирот. Обезбедена е заедничка вечера на 14.05.2015 (сабота).
ПРЕЛИМИНАРНА ПРОГРАМА:
ПЕТОК (13.05.2016)
- Пристигнување и сместувње (попладневни часови)
- Регистрација
САБОТА (14.05.2016)
- Регистрација
- Отворање
- Презентации (целодневна програма)
- Заедничка вечера
НЕДЕЛА (15.05.2016)
- Презентации (дополнителна сесија – по потреба)
- Посета на Мелничка Пештера 1 (по желба)
- Затворање
- Очекувано завршување околу пладне или во попладневните часови.
КОНТАКТ И ИНФОРМАЦИИ:
070/208-484 Златко Ангелески
Соопштението можете да го симнете и во PDF формат.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!