Мелничка Пештера 1 е пештера кај с.Мелница, Мариово, која за прв пат е истражувана и документирана во 2007 год, кога Златко Ангелески и Марјан Темовски од СК Златоврв – Прилеп заедно со Билјана и Оливер Гичевски од ИД Урсус Спелеос – Скопје, истражуваат и скицираат канали во должина од 179 m.
Од истражувањата во 2007-ма
При овие истражувања откриена е и уште една пештера во непосредна близина: Мелничка Пештера 2.
После неколку годишна пауза, истражувањата во Мелничка Пештера 1 се продолжени, при што во ноември 2012, Марјан Темовски, Дарко Неданоски и Марио Андоноски од СК Златоврв – Прилеп, при посета на пештерата откриваат и истражуваат нови канали во должина од +200 m.
Дел од ново-откриените канали
Во јануари и февруари 2013, во неколку наврати извршено е детално мерење на ново откриените канали, при што за време на скицирањето откриени се и нови канали со што заклучно со последната акција на 24.02.2013 во Мелничка Пештера 1 скицирани се канали во должина од 600 m, a истражени се најмалку 100 m повеќе со можности за продолжување на повеќе локации.
Детално мерење на ново-откриените канали
Со тоа Мелничка Пештера 1 се вбројува во 10-те најдолги пештери во Македонија, веднаш пред пештерата Дона Дука (650 m), a воедно е и најдолгата пештера во Општина Прилеп како и втора по должина во јужниот дел на Македонија после Бела Вода (955 m), a пред Чулејца (503 m).
Повеќе фотографии можете да видете на ФБ-страната на СК Златоврв:
https://www.facebook.com/skzlatovrv