Детален извештај од спелео кампот на Галичица

Како што си носи ред по завршувањето на спелеолошкиот камп на Галичица, подготвен е и деталниот извештај во кој се изнесени детални информации за активностите за време на кампот, како и резултатите од спелеолошките истражувања на Галичица.

Извештајот е достапен во PDF формат за сите заинтересирани, со напомена дека податоците изнесени во извештајот (текст, скица, карта, графички приказ, фотографија и сл.) се авторски дела и како такви се заштитени со Законот за авторското право и сродните права (Сл.весник на РМ бр.23/05 и бр.131/07) и Законот за култура (Сл.весник на РМ бр.59/03).

Не е дозволено користење на наведените содржини за комерцијални цели и за изработка на други публикации без писмена дозвола од авторот. За подетални информации обратете се до Спелеолошки клуб „Златоврв“ – Прилеп (skzlatovrv@gmail.com).

Користење на податоците во изворна форма е дозволено за образовни и научни цели, при што задолжително треба да се наведе изворот:

Темовски М. (2015) Извештај од спелео кампот „Галичица“ (04-09.08.2015), Спелеолошки клуб „Златоврв“, Прилеп.

web

Во врска со спелеолошкиот камп на Галичица можете да ја прочитате и статијата објавена на www.speleo.mk, како и да ги погледнете фотографиите објавени на ФБ страниците на СК Златоврв и BOTTOM TIME.

Tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.