Како што си носи редот, со новите дечки дојде да одиме и во пештера. За сефте ја избравме пештерата Рамниште, во околината на Прилеп. Не многу голема но интересна хоризонтална пештера, која може да понуди и големи сали и тесни канали и пештерски украси и пештерски животни и современа археологија и нажалост примери како не треба да се однесуваме во пештера. Се на се, одлична за почетници.
Ги поминавме сите делови на пештерата, се учевме како безбедно да се движиме во пештера, а направивме и мала фото сесија. Воедно за време на акцијата и ги сефтосавме трите нови транспортни торби, кои ни ги донираше Вертикал Спорт ДООЕЛ Скопје.
Екипа: Мацко, Пуцио, Дарко, Филип.
Фотографии ќе најдете во албумот на нашата ФБ страна.