International Outdoor Festival Demir Kapija 2015

Спелео-качувачки тим ЗЛАТОВРВ :)Во периодот од 23.05 (сабота) до 25.05 (понеделник) учествувавме на International Outdoor Festival Demir Kapija. Фестивалот беше во организација на Спортскиот клуб „Клисура“ од Демир Капија, а со поддршка на Општина Демир Капија, УСАИД и фондација Ценет. Фестивалот опфаќаше голем број на активности во природа, како алпинизам, спортско качување, спелеологија, планинарење, велосипедизам, крос трка и др, нормално пропратено со добра забава и дружење.

 

DSC_0509Спелеолошки клуб Златоврв беше организатор на спелеолошките активности за време на фестивалот, преку вежби на спелеолошки техники и истражување и посета на пештери.

DSC_0540За време на фестивалот, во кањонот на Иберлиска Река беше поставен спелеолошки полигон каде беа претставени и вежбани техниките на единечно јаже кои се користат во спелеолошките истражувања. На полигонот, покрај поискусните спелеолози, со спелеолошките техники имаа можност да се запознаат и почетници, како и други љубители на природата.

DSC_0537

Кон спелеолошкиот викенд ни се придружија и спелеолозите од СК Орле – Кавадарци.

Беше документирана и една нова пештера во горниот дел од кањонот на Иберлиска Река, пештерата „Смоква“, а беше посетена и пештерата Бела Вода, најдолгата во Демиркапискиот крај. Во Бела Вода нивото на подземните води беше сеуште високо, па требаше да се поминат неколку сифониски делови сеуште делумно исполнети со вода, со цел да се стигне до подземното езеро во крајниот дел од пештерата.

Се на се, одличен викенд, посетени пештери, вежби на јаже, добра забава и војничко гравче 🙂

Голема благодарност до Алекс, Славе и останатите од СК „Клисура“ за одличната организација и несебичната посвета кон развојот на Демиркаписка Клисура како одличен локалитет за outdoor спортови. Само напред!

Повеќе фотографии ќе најдете на нашата ФБ страницa!

М.Т.

Tagged , , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.