Стандарден дел од активностите на СК Златоврв се техничките тренинзи, со кои се вежба техниката на единечно јаже (Single Rope Technique – SRT), стандардна техника за совладување на вертикални пештери (пропасти).
Тренинзите ги изведуваме најчесто во природа, на спелеолошкото вежбалиште на Шаторов Камен, во околината на Прилеп, а понекогаш и во болдер салата на ПСК и СКК Златоврв, каде се врши мала адаптација за потребите на спелеолошките техники.
За време на тренинзите се вежбаат техниките на качување по јаже, спуштање по јаже, поминување на хоризонтална делница (траверс), како и движење по спелеолошка жичара. Како дел од вежбањето на техниката на качување по јаже, претставува и качување на 100 м јаже на мала вертикала (неколку метри), при што континуирано се додава јаже додека качува спелеологот. Овој дел овозможува да се добие натпреварувачки аспект со цел да се искачат 100 м за најбрзо време. Со тоа воедно и се усовршува самата техника на качување.
Овие вежби претставуваат основа за посетата и истражувањето на пештерите (особено пропастите), па по добро усовршена техника, членовите учествуваат во некоја од теренските активности на клубот.
Заинтересираните за зачленување во клубот, добивање на спелеолошка обука и учество на акциите за посета и истражување на пештери можат да не контактираат на нашата ФБ страна како и на нашата и-мејл адреса.
Повеќе фотографии од техничките тренинзи ќе најдете на ФБ страната на
СК ЗЛАТОВРВ.