Дарко Неданоски добитник на диплома по повод 3 Ноември „Денот на ослободувањето на Прилеп“

Nedanoski

Со особено задоволство соопшуваме дека по повод празникот на градот – 3 Ноември „Денот на ослободувањето на Прилеп“, на нашиот член Дарко Неданоски му беше доделено признание – диплома за постигнатиот успех во македонската спелеологија.

Доделувањето беше за време на на свечената седница што по повод денот на Прилеп се одржа на 3 ноември во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Признанија 3 Ноември

Дарко е еден од поактивните членови на клубот, со учество на поголем број спелеолошки акции, а оваа година како дел од спелеолошката експедиција „Северен Велебит“ во Хрватска, во пропаста Словачка Јама, се спушти на длабочина од 866 m, што е претставува најголема длабочина на која се спуштил македонски спелеолог.

Оваа диплома е истовремено и еден вид признание за нашиот клуб, кој иако млад (оваа година прославуваме 5 години постоење како посебна организација), континуирано се развива, со голем број на организирани спелеолошки истражувања и настани и посебен акцент на обуката на млади спелеолози.

DSC_0633fhd0057

Tagged , , , , . Bookmark the permalink.

Comments are closed.