Следните две недели (23 јули – 6 август), нашиот член Дарко Неданоски, ќе учестува на спелеолошката експедиција „Северен Велебит“ во Хрватска, на еден од најтешките терени, познат по длабоки пропаст, вклучително и најдлабоката на Балканот, системот Лукина Јама-Тројама (-1431 m).
Главните истражувања ќе бидат во пропаста Словачка Јама (-1301 m) и ќе бидат насочени кон истражување на нови канали на длабочина поголема од 700 m. За споредба, најдлабоката пропаст кај нас е Словачка Јама на Караџица, истражена до длабочина од 610 m.
Експедицијата е во организација на Спелеолошкиот отсек на П.Д.С. „Велебит“ и Спелеолошкото друштво „Велебит“ од Загреб, во соработка со Комисијата за спелеологија при Хрватскиот планинарски сојуз и Загребскиот спелеолошки сојуз.
Даре (Недано) ни е еден од поактивните членови на клубот, веќе докажан спелеолог кај нас, со активно учество во повеќе спелеолошки истражувања во Македонија и странство, како и учество на повеќе обуки и вежби за спасување во пештери во соседните држави.
Му посакуваме среќна и успешна експедиција, со значајни резултати, нови стекнати искуства и незаборавни моменти.
Повеќе информации за експедицијата тука:
https://speleologija.hr/velebit2016