Спелеологија

Спелеологијата претставува наука која се занима со проучување на подземниот карстен релјеф (односно пештерите и пропастите) со сите негови карактеристики. Таа е комплексна, интердициплинарна наука, која во доменот на својот научен интерес обединува цела низа на посебни дисциплини:

Спелеоморфологија – го проучува постанокот и еволуцијата на подземните карстни форми (пештери и пропасти)

Спелеохидрологија – ја проучува подземната хидрографија на карстот

Спелеоклиматологија – ги проучува микроклиматските карактеристики на подземните карстни форми

Биоспелеологија – го проучува растителниот и животинскиот свет во подземните карстни форми

Спелеоархеологија – ги проучува трагите од човековиот престој во подземните карстни форми

Спелеогеологија – ги проучува пештерските седименти

Со цел совладување на технички непристапните пештери (вертикални и хоризонтални) потребно е познавање на разни техники за совладување на спелеолошките објекти и добра физичка подготвеност, со што спелеологијата покрај научниот добива и спортски карактер.

Поземните карстни релјефни форми се претставени со ерозивни форми (пештери и пропасти) и акумулативни форми (пештерски украси).

Разликата меѓу пештерите и пропастите е во тоа што пештерите се протегаат хоризонтално, додека пропастите се вертикални подземни шуплини.

влез на пештера

пропаст