Спелеолошки и палеоклиматски истражувања на Галичица

Кон крајот на јуни изведовме повеќедневна акција за истражување на пештери на Галичица. Активностите беа дел од научните истражувања на пештерите на Галичица кои вклучуваат палеоклиматски истражувања базирани врз пештерски украси, а се раководени од д-р Марјан Темовски од Лабораторијата за истражување на животната средина, при Институтот за нуклеарни истражувања … Повеќе

СПЕЛЕО ДЕН на МОГИЛА

Во неделата (05.07.2015), на Могила, нашиот клуб ја промовираше спелеологијата и техниките на истражување на пештерите. Настанот, кој го крстивме СПЕЛЕО ДЕН, беше со цел да ја доближиме спелеологијата и нашите активности до граѓаните на Прилеп, со можност и да пробаат дел од спелеолошките техники. Акцијата се состоеше од три … Повеќе

International Outdoor Festival Demir Kapija 2015

Во периодот од 23.05 (сабота) до 25.05 (понеделник) учествувавме на International Outdoor Festival Demir Kapija. Фестивалот беше во организација на Спортскиот клуб „Клисура“ од Демир Капија, а со поддршка на Општина Демир Капија, УСАИД и фондација Ценет. Фестивалот опфаќаше голем број на активности во природа, како алпинизам, спортско качување, спелеологија, … Повеќе

Александра Славкоска учествуваше на обука за спасување во пештери во Србија

Александра Славкоска од СК Златоврв – Прилеп учествуваше на меѓународната обука за спасување во пештери во Србија, во организација на Службата за горско спасување на Р. Србија и Спелеолошката спасителна служба на Р. Словенија, со што стана прва Македонка која заврши обука за спасување во пештери… Повеќе

Откриени нови пештери во долината на Црна Река

Членовите на СК Златоврв: Марјан Темовски, Марио Андоноски, Дарко Неданоски и Благоја Велкоски, во периодот од 18 до 21 јули 2012 г. го истражуваа теренот во месноста Подот, во долината на Црна Река помеѓу мариовските села Врпско и Гуѓаково. Ова истражување беше продолжение на претходните спелеолошки истражувања на СК Златоврв … Повеќе